Logo

ЗА НАС

Logo

Magic како бренд е создаден во 1989 година во Охрид и производител e на сите видови јатки, зрнести плодови, семиња и сушени овошја, кои се дистрибуираат на територија на Македонија, наскоро и во Косово и Албанија. Компанијата Magic MG каде се произведува бреднот Magic е дел од Малиќи груп од јули 2022 година и е најмлада членка компанија во групацијата.

Засега, на располагање се 24 производи, но работиме на проширување на асортиманот. Со разновиден асортиман на понуди, вклучувајќи несекојдневни мешавини и иновативни комбинации на вкусови, Magic е водечки бренд во сферата на јаткастите производи во Македонија, како пример за квалитет во оваа конкурентна индустрија.

По темелните истражувања на пазарот, исклучително сме горди што конечно можеме да им понудиме на нашите потрошувачи нешто сосема ново и квалитетно на пазарот.